10/11/2025
Спорт

Одиграни првите четвртфинални натпревари на турнирот во футсал “Ohrid Freed 2025”

Турнир во футсал „Ohrid FREED 2025“, завршени првите четвртфинални натпревари!

Во возбудлива вечер полна со енергија и натпреварувачки дух, завршија првите два четвртфинални натпревари од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025, кои понудија одличен футсал, динамични дуели и неизвесност до последен свиреж.

Гранит X   4:2   Инекс Олгица Хотел и СПА

Гостилница кај Мече   4:2   Костал

Денес следуваат преостанатите два четвртфинални натпревари во кој се среќаваат:

Провелд : ЈП Охридски Комуналец – 20 часот

АСП ПАК : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 21 часот

За утре (среда) се закажани двата полуфинални натпревари, на кои екипите на Гранит X и гостилница Кај Мече ги чекаат своите противници. Утрешните полуфинални натпревари кои ќе се играат со почеток од 20 и 21 часот ќе го одредат патот до големото финале и борбата за титулата на најдобриот тим на турнирот.

Како денес така и утре очекуваме уште поголема возбуда, фер-плеј игра и фантастична атмосфера која е заштитен знак на турнирот Ohrid FREED.