20/04/2024
Спорт

Одиграно 14 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 14 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Беласица  1:4  Македонија ЃП

Работнички  1:2  Шкендија

Ренова  2:1  Победа

Шкупи  1:0  Вардар

Силекс  1:0  Академија Пандев

На врвот од табелата се наоѓа Шкендија со 31 бод, пред Вардар со 28 бодови и Академија Пандев на третото место со 22 бодови. На врвот од листата на стрелци се наоѓа Бесарт Ибраими (Шкендија) со 11 постигнати голови, пред Влатко Стојановски (Ренова) со 9 голови и Петар Петковски (Работнички), Христијан Кировски (Македонија ЃП) и Изаир Емини (Шкендија) со по 7 постигнати голови.

WebOhrid