15/07/2025
Спорт

Одличен резултат на македонската машка Дејвис Куп репрезентација

Македонскиот Олимписки комитет упатува честитки до македонската машка Дејвис куп репрезентацијата за прикажаните резултати минатата недела каде го освои 3то место во Европската Трета Група со 3 победи, а со тоа обезбеди пласман и промоција во 2та Светска група од Дејвис купот каде ќе настапи во 2026 година.

Македонија на патот до промоцијата одигра вкупно 5 меча постигнувајќи ги следните резултати: 

Македонија – Малта, 3:0

Македонија – Црна Гора, 0:3

Македонија – Молдавија, 2:1

Македонија – Ерменија, 3:0

Македонија – Латвија, 1:2

Овој успех македонската репрезентација го постигнува после долги 20 години, на што сме особено горди. Ваквиот резултат се должи на максималната пожртвуваност на тенисерите: Калин Ивановски, Стефан Мицов, Берк Бугариќ, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев, капитенот и селектор на репрезентацијата Горан Шевченко, тренерот Елдин Хусеиновиќ и кондициониот тренер Ивица Гаџовски.