28/03/2024
Спорт

Одлични резултати на младите членови од ШК „ЛАСКЕР“ Охрид на Државните првенства

На Државните првенства за млади 2018 што се одржаа од 09 до 14 јуни во Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија, членовите на ШК „ЛАСКЕР“ Охрид ги постигнаа следните резултати:

  • во категорија до осум години златен медал Ивана Велкоска;
  • во категорија до 10 години девојчиња бронзен медал Емилија Лушеска;
  • во категорија до 10 години момчиња златен медал Михаил Николовски со право да ја претставува Република Македонија на Европското поединечно првенство за млади во Рига, Латвија што ќе се одржува од 19 до 30 август 2018;
  • во категорија до 12 години девојчиња Елена Лушеска 5 место;
  • во категорија до 12 години момчиња Иван Велкоски 5 место;
  • во категорија до 14 години момчиња Константин Лушески 4 место, Николовски Никола 7 место, Велкоски Стојан 10 место.