28/03/2024
ДебрцаОхрид

Одложената дезинсекција против комарци ќе се спроведе во среда, четврток и петок

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуки на соодветните Совети на Општини за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општините како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ги известува граѓаните, особено оние кои одгледуваат пчели на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа дека во деновите: 04.07.2018 год.(среда), 05.07.2018 (четврток), и 06.07.2018 (петок) во период од 20 до 06 часот од страна на екипи на Центар за јавно здравје ќе се изведува теристичка (од земја) дезинсекција против комарци со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени соодветни територии на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 046 231 881 и 046 231 030