28/03/2024
Охрид

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ЛУПД за формирање на ГП на дел од КП 487/1 КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10 КО Охрид 4

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15  и 39/16), Општина Охрид,  на ден 26.06.2020 година,  донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ ЛУПД за формирање на ГП на дел од КП 487/1 КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10 КО Охрид 4 со намена В-5 верски институции,  Општина Охрид,  кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање,  не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. 2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид,  www.ohrid.gov.mk
  3.  Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од  спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за формирање на ГП на дел од КП 487/1 КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10 КО Охрид 4 со намена В-5 верски институции,  Општина Охрид,  нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е предвиден со Планската програма,  а врз основа на намената предвидена со Услови за планирање на просторот,  а кои произлегуваат од Просторниот план на РМ,  техн.бр. Y 14019 односно Решението за Услови за планирање на просторот од Република Македонија од Министерство за животна средина и просторно планирање со бр. УП1-15109/2020 од 06.02.2020г..Со реализација на планскиот документ е предвидена следната класа на намени: Јавни институции,  В-5 верски институции. Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти,  а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот.
  4.  Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ЛУПД ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГП НА ДЕЛ ОД КП 487/1 КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ ВГР И КП 6483/10 КО ОХРИД 4