20/04/2024
Охрид

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за ГП 7.1.113 на КП 11099 во УЗ 7, УБ 7.1 КО Охрид 2

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 39/16), Општина Охрид, на ден  01.11.2017 година, донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ  ДУП за  ГП 7.1.113 на КП 11099, во УЗ 7, УБ 7.1 КО Охрид 2, Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  1. Одлуката  заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk
  1. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена  и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ документ  ДУП за  ГП 7.1.113 на КП 11099, во УЗ 7, УБ 7.1 КО Охрид 2,  Општина Охрид, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е предвиден со Програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Охрид,  а основ е постојниот ГУП за град Охрид. Со реализација на планскиот документ  е  предвиденo  класa на намена: А1(домување во станбени куќи). Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.
  1. Против ова одлука може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.