18/04/2024
Охрид

Одредени маркети ги ограничија дозволените количини за купување масло и брашно

Одредени маркети во Охрид ги ограничија дозволените количини масло и брашно кои граѓаните можат да ги купат.

Очигледно е дека кај граѓаните се јавува непотребен страв и паника поради ситуацијата во Украина, но и поради зголемувањето на цените на продуктите.

Иако целата оваа ситуација многу наликува на онаа со тоалетната хартија, брашното, шеќерот и маслото на почетокот од Ковид-19 пандемијата, сепак, место за паника нема.

Во текот на вчерашниот ден и Владата повика граѓаните да бидат смирени, дека има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, а трговците редовно набавуваат согласно побарувачката. 

Влада: Граѓаните да бидат смирени, резерви на нафтени деривати и жито има!


WebOhrid / 05.03.2022