19/04/2024
Охрид

Одржан настан „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“

Денеска на плоштадот „Св.Климент Охридски“ се одржа настан кој е дел од кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ со кој се дава поддршка на жртвите од семејно насилство.

На настанот  присуствуваа претставнички од Здружението на ретки болести „Ретко е да си редок“, Здружение на жени „Бисера“, Здружение „Опција Охрид“, Црвен Крст – Охрид, претставнички од Советот на Општина Охрид и од политичките партии. Охриѓанки кои беа  дел од случувањето преку напишана порака на дланките тивко ги подржаа жртвите.

Организатор на настанот е сопругата на бугарскиот амбасадор во земјава, Билјана Ангелова, а со поддршка на Општина Охрид.