25/04/2024
Охрид

Одржан традиционалниот маскенбал „Емшири 2020“ во Велгошти

По повод верскиот празник Прочка – Велики Поклади денес се одржа традиционалниот маскенбал „Емшири  2020“ во Велгошти.

Како и претходните години, така и оваа година, на маскенбалот „Емшири“ можеа да се видат голем број креативно изработени маски.

За оваа пригода М.З Велгошти обезбеди награди за поголемите и симболични пакетчиња за малите емширчиња.