Одржан традиционалниот седмоноемвриски концерт
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски заедно со директорите на охридските јавни претпријатија присуствуваше на традиционалниот Седмоноемвриски концерт што се одржа синоќа во просториите на ОМУ „Методи Патче“.
По повод денот на ослободувањето на Охрид пред бројната публика дела од познати композитори изведоа: Стефан Баракоски-виолина, Бојан Попов-пијано, Ристе Ристески-пијано, Илија Ристевски-виолина, Михаил Дулевски-пијано, Елена Стојоска-флејта, Атанас Неделкоски-пијано, Илија Волканоски-гитара, Николај Петкоски-пијано, МИхаил Тодороски-кларинет, Владимир Србиноски-пијано, Ана Матеска-флејта, Андреја Цацаноска-пијано, Мила Тотеска-виолина, Ева Китрозоска-пијано и Марија Џуклеска-виолина.