Одржан V Рапид турнир во шах „Езерски бисер“ 2026
На 29.03.2026 во просториите на ООУ „Братство Единство“ Охрид се одржа V Рапид турнир „Езерски Бисер“ 2026, на кој учествуваа 50 шахисти од Македонија и Албанија.
Турнирот се играше по швајцарски систем во 9 кола со темпо на игра 10’05”. Најдобро пласирана шахистка беше Јана Анѓелкоска, најдобро пласиран млад шахист Никола Павлески – ШК „Алкалоид“ Скопје, најдобро пласиран шахист во категорија 60+ Томица Брзевски – ШК „Шах Шех“ Битола.
Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го освои Тоде Куков – ШК „Карпош“ Скопје со освоени 7,5 поени, сребрен медал за Петровски Иван – ШК „Шах Шех“ Битола со 7 поени, бронзен медал за Гоце Шапкароски – ШК „Ласкер“ Охрид со 6,5 поени и најдобар Бухолц, четврто место за Елвис Кола со 6,5 поени од Република Албанија и петто место за Дејан Ѓорѓиески – ШК „Прилеп“ Прилеп со 6,5 поени и послаб Бухолц од четвртопласираниот шахист.
Благодарност до Општина Охрид и ООУ „Братсво Единство“ Охрид кои го помогнаа одржувањето на турнирот.
Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: http://laskerohrid.weebly.com/
