25/04/2024
Македонија

Одржана панел дискусија „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“

Партијата Единствена Македонија, денес организираше панел дискусија на тема: „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“.

Говорници на панел дискусијата беа проф. Александар Дугин, првиот советник на претседателот на Русија, Владимир Путин, неговиот заменик, проф. Леонид Савин и претседателот и заменик претседателот на Единствена Македонија, проф. Јанко Бачев и проф. Стефан Влахов Мицов.

Во преполната сала, високите гости од Русија јасно ја изразија поддршката на Русија за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, заштита на вековното македонско име.

„Прашањето за влегувањето во НАТО, ЕУ или стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија треба да биде слободен избор и ваше право. Република Македонија е ваше име, тоа е вашиот идентитет и никој нема право да ве притиска да го промените вашето име,“ – јасно порачаа двајцата советници на Путин.

Во оваа насока, Дугин и Савин уште рекоа дека политичката судбина на еден народ треба да ја решава самиот народ и Русија верува дека најголем принцип е принципот на суверенитет.

Претседателот и заменик претседателот на Единствена Македонија, проф. Јанко Бачев и проф. Стефан Влахов Мицов, истакнаа дека новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја спроведе јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од малцинствата во државата за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија.

Панел дискусијата предизвика голем интерес кај присутните кои поставија голем број прашања до говорниците на панел дискусијата.