28/03/2024
Охрид

Одржана шеесет и првата седница на Советот на Општина Охрид

Очекувано, на денешната шеесет и прва седница на градскиот совет, најмногу дискусии имаше за одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид. Опозицијата со став дека сега не е моментот за ваква одлука, поради локалните избори и немањето јасна слика за ваквото задолжување. Градоначалникот Георгиески со објаснување дека ваквата постапка и одлука се должи на низа објективни причини за нејзино носење, како и фактот дека ова е прв чекор во целиот процес, кој оптимално би завршил пред крајот на годинава, кога ќе имаме нова локална власт. Одлуката беше донесена со 14 гласови на советничкото мнозинство, а опозицијата гласаше против.

Другите точки од дневниот ред кои се однесуваа на тековното работење на ЈОУДГ “Јасна Ристеска“ и ООУ “Григор Прличев“, едногласно беа прифатени од сите советници.