28/03/2024
Охрид

Одржана шеесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Со пет точки на дневниот ред и една дополнително усвоена од советниците, денес се одржа шеесеттата седница. Советниците ја разгледаа и ја усвоија информацијата за оценката на перфомансите на јавните расходи и финансиската одговорност на Општина Охрид, а во продолжение следеа одлуки за статурна измена на Статутот на ООУ “Св.Климент Охридски“, одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти, одлука за измена на годишниот план за вработување на Општина Охрид.

Советниците донесоа одлука за време на летната сезона, гостите со српски и турски сообраќајни регистерски таблички да бидат ослободени од плаќање на јавен паркинг.