Одржано Државно првенство во шах за основни и средни училишта за учебната 2025/2026
Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Шаховската федерација на Македонија, на 19 март 2026 г. во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, се одржа Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта.
Учество зедоа вкупно двесте учесници од целета држва поделени во 6 категории:
- средни училишта девојчиња
- средни училишта момчиња
- основни училишта ( I-V одд) – девојчиња
- основни училишта ( I-V одд) – момчиња
- основни училишта (VI- IX одд) – девојчиња
- основни училишта (VI- IX одд) – момчиња
Охрид имаше седумнаесет свои претставници.
Екипата на охридските шахисити, предводена од наставничките Валентина Караѓуле Модева и Кате Бујароска Анѓелеска, се врати со две сребрени медали на најдобро пласираните: Елена Лушеска (ОСУ Св. Климент Охридски) во категорија – средни училишта /девојчиња и Јован Пуроски (ООУ Св. Климент Охридски) во категорија – основни училишта (VI – IX одд) /момчиња.
Одлични партии, голема концентрација и мотивираност покажаа и следните ученици:
- Михаил Николовски и Ахмед Сулејман (СОУ Св. Климент Охридски- Охрид)
- Ивана Момироска,Сара Момироска, Мила Ѓоргоноска, Марија Дејкоска и Павел Групчев (ООУ Св. Климент Охридски-Охрид)
- Павел Мишески ( ООУ Св. Наум Охридски-Пештани)
- Михаил Шапкароски (ООУ Живко Чинго -Велгошти)
- Марко Танески, Драган Анѓелески, Деркоски Нино, Сидороска Јована, Јана Мицеска и Ана Бошкоска (ООУ Григор Прличев – Охрид)
Патувањето на учениците беше организирано од страна на Сојузот на училишен спорт Охрид и Општина Охрид.
