25/04/2024
Охрид

Одржано предавање за дијабетот во ОУ „Григор Прличев“

Денес учениците од ОУ “Григор Прличев“ имаа можност да проследат значајно предавање со цел да ги подобрат или променат навиките во исхраната и физичката активност. Предавањето беше во организација на Здружението на дијабетичари на град Охрид и Центарот за дијабет при Општа болница Охрид. Овој проект е поддржан од Локалната самоуправа на град Охрид и ќе се реализира во сите основни училишта во општината, а од први септември и во средните училишта.

Д-р Лилјана Ангелеска од Центарот за дијабет, успешно ги запозна учениците дека може превентивно да се делува со менувањето на животните навики, здравата исхрана, физичките вежби. Учениците повеќе време да поминуваат надвор, слободното време да го искористат за игра или спорт, при што мобилните телефони и компјутерите да бидат исклучени.

На денешното предавање со учениците присутна беше и Гордана Волкан, претседател на Здружението на дијабетичари. Ваквите проекти кои ја опфаќаат најмладата популација се клучни бидејќи ги поттикнуваат учениците од мали нозе да бидат свесни за своето здравје. Да ја поттикнат грижата за себе. Правилната исхрана и движењето, директно ќе влијаат на подобрување и формирање на здраво тело.