25/04/2024
Охрид

Одржано предавање за „сајбер булинг“ во ОУ „Григор Прличев“

Денес, 23.9.2019 год. во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид се реализира едукативно предавање од страна на Отсекот за превенција во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид. Предавањето се реализира во сите основни училишта и е наменето за учениците од VI –VIII одделение.

Целта на ова предавање е да се доближат до учениците поимите „булинг“ и „сајбер булинг“. „Сајбер булингот“ е секаков облик на насилство помеѓу врсниците во виртуелниот свет. За разлика од обичниот „булинг“ кој може да се случи на улица, жртвата може да доживее непријатност и во својот дом, а тоа насилство да трае 24 часа, седум дена во неделата. Насилникот, кој се крие позади анонимноста која ја овозможува интернетот, често е непознат и не може да се открие неговиот идентитет.

„Сајбер булингот“ се јавува во различни облици и тоа: содржини кои подолго време или континуирано ја навредуваат жртвата; неовластено испраќање на фотографии од жртвите и манипулации со тие фотографии или некои други приватни содржини за жртвата; отворена или сокриена закана за жртвата; поттикнување на употреба на говор на омраза и насилство…

Учениците, не се само ученици тие се и наши деца, секаков облик на насилство врз нив е за осуда. Ваквите предавања се секогаш добредојдени за да влијаат врз идните одлуки на оние кои ќе се осмелат да го користат „булингот“.