ОУЕМЦ „Св.Наум Охридски“ најдобри на натпреварот по програмирање CodeCup 2016

На 16ти април во Факултетот за информатички и комуникациски технологии –Битола, беше одржан натпревар по програмирање CodeCup 2016. За успешно завршените проекти Факултетот за ИКТ додели:

• Таблети на трите првонаградени тимови и нивните ментори

1. Првонаграден проект BoxBloy Play за тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид (Јулијана Петреска-ментор, ШимеТадиќ, Филип Милошески и Стефан Трајаноски)

2. Второнаграден проект AB-КУПУВАЊЕ за тимот од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица (Славица Милева Ефтимова – ментор, Ивановски Александар и Дедејски Васил)

3. Третонаграден проект Screencast за тимот од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола (Ралески Андреја – ментор, Кондински Стефан, Стојановски Бојан и Каревски Даниел)

• ослободување од партиципација за првата година студирање за тимовите од 1-6 место

• сертификати за успешно учество на сите учесници.