20/04/2024
Македонија

Официјална посета на Претседателот на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ во РМ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре – 26 април 2018 година, четврток, ќе биде домаќин на Претседателот на Република Хрватска, Н.Е. г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, која ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Агенда на активности – четврток, 26 април 2018 година

– 11:30 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести на платото пред Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно”,

– 11:45 часот – Тет-а-тет средба на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Хрватска, г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ,

– 12:30 часот – Пленарен состанок на официјалните делегации на Република Македонија и на Република Хрватска,

– 13:00 часот – Заедничка прес-конференција на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Хрватска, г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ.