07/10/2024
Охрид

Официјално започна со работа Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“

На ден 27.09.2024 година официјално започна со работа Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ – Охрид, кој со реновирање започна во 2022 година, а инвеститор е Министерството за образование и наука.

Извршени се следните градежни зафати во вредност од 1.7 милиони евра:

1. Промена на азбестниот кров со нов лимен  2300м2

2. Промена на подови 1720 м2

3. Енергетски ефикасна фасада 4980 м2

4. Нова електрична, громобранска, водоводна, одводна и атмосферска инсталација

5. 296 нови  врати, прозори, портали

6. Обработени и молерисани ѕидови  – 5500 м2

7. Соларен систем со 24 панели кој обезбедува 4000 литри топла вода

8. Партерно уредување – 3230 м2 бекатон

9. Партерно осветлување – 34 големи и 66 мали канделабри

10. Реновирани  40  соби и тоалети во ученичкиот дом и нова читална

11. Нов противпожарен систем

12. Озвучување на училиштето и ученичкиот дом

За краток рок пристигнува нов мебел (клупи, столици, табли, шкафови) и угостителска опрема за кабинетите по практична настава.


WebOhrid / 28.09.2024 / РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид