30/05/2024
Охрид

Ограбена охриѓанка на улицата „Мирче Ацев“

Утрово во 05 часот и 50 минути, на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид, К.М. (68) од Охрид, физички била нападната, од засега непознато машко лице. Притоа, и ја одзел ташната во која имало околу 8 000 денари, лични документи и еден мобилен телефон марка „Хуавеј“.

СВР Охрид, презема мерки за расчистување на случајот.