25/04/2024
Охрид

Охрид доби електрични полначи за хибридни возила

Општина Охрид заедно со ЕВН Македонија  деновиве постави два електрични полначи за хибридни возила во строгиот центар на градот. Проектот од технички аспект е целосно реализиран. Во моментов се врши брендирање на станиците и нивно одбележување по што ќе бидат ставени  во функција.

Со цел да се стимулираат охриѓани да купуваат хибридни возила на електричен погон кои не ја загадуваат животната средина општина Охрид со одлука на Совет овозможи  бесплатно паркирање за сопствениците на хибридни возила на целата територија на Охрид во текот на  годината.