18/04/2024
Охрид

Охрид домаќин на 12-то Државно Првенство на Бармени на Македонија

Оваа година по 12-ти пат ќе се одржи Државното Првенство на Бармени на Македонија. Забавата, пријатната атмосфера и супериорните таленти на бармените ќе го оправдаат и ова првенство.

Дводневното првенство (26.03 и 27.03) ќе биде исполнето со богата агенда во која се предвидени многубројни семинари, натпревари и квалификации. (http://bar.mk)

Локацијата годинава ќе биде во Liquid Boutique Bar & Kitchen во Su Hotel на самиот брег од прекрасното и живописно Охридско езеро.

Нема да изостанат врвните техники кои го чинат секое натпреварување возбудливо, вештините при маневрирање со пијалоците и секако стандардот IBA кој ни дава сериозен пристап кон самиот натпревар.

Настанот бележи официјален почеток на 26.03.2019 во 12:30 кога ќе пристигнат самите натпреварувачи и ќе учествуваат во лотаријата за редослед.

Како дел од квалификациите се очекува место да заземат 30-тина учесници, кои ќе бидат оценувани од технички судии според неколку критериуми:

  • брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел
  • работа со барски прибор
  • умешност при декорација
  • внимавање на хигиена при подготовка на коктел како и на бар простор
  • ниво на позитивна енергија
  • secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена).

Во исклучително софистициран амбиент под отворено небо ќе се одбере победник и претставник кој ќе ја претставува државата во Република Кина на на World Cocktail Competition.