20/04/2024
Охрид

Охрид домаќин на Меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“

Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, денеска присуствуваше и го прогласи за отворен меѓународниот  натпревар  од областа на електротехниката и мехатрониката „Балкан Јуниор“ чиј домаќин годинава е охридскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“.

„Шеснаесетте  ученици од осум  балкански држави денеска ќе го измерат своето знаење  од областа на електротехниката и мехатрониката, а на тој начин ќе  разменуваат искуства и ќе допринесуваат во промовирање на меѓу културната соработка и запознавање со начинот на образование и живот  во други држави.   Овој настан допринесува во унапредување на знаењето,  компетенциите и  креативноста на учениците и наставниците во  стручните училишта. Велат дека знаењето е основа на која се гради  самодовербата и само доколку  единката има знаење и самодоверба може да постигне се во животот, да се качи до највисоките височини или да нурне во најголемите длабочини. Знаењето е основа на секој успешен човек. А денеска сите ние тука сме сведоци на млади генијалци од областа на електротехниката и мехатрониката на кои повеќе од сигурно го оставаме овој Свет. На крај на сите  учесници им посакувам успех во натпреварувачкиот дел  на „Балкан јуниор“ и  пријатен престој во Охрид. Верувам дека во  нашиот град во кој  над 7 000 години има континуиран живот на човекот и неслучајно го нарекуваат ризница на цивилизациите ќе најдете доволно причини за креативност  и  нижење на нови наредни успеси.“ – рече Ангелоска.

Меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“ се одржува по седми пат.