25/04/2024
Охрид

Охрид ги чествува сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

По повод одбележувањето на 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, делегација на Општина Охрид предводена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, положи свежо цвеќе пред нивниот споменик на кејот „Македонија”.

Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.

Во чест на празникот со поддршка на Општина Охрид и во организација на КУД „Гердан” беше одржана пригодна свеченост во старото училиште „Свети Кирил и Методиј” во населбата „Кошишта”. Исто така со поддршка на општината денеска ќе биде организиран и свечен концерт во црквата „Света Софија” со почеток во 17 часот.