08/12/2024
Охрид

Охрид го чествува Денот на Републиката

Со оддавање на почит на хериоите од двата Илиндена, Општина Охрид го одбележа 2. Август-Денот на Републиката. Овогодинешните илинденски чествувања се во знакот на 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 годишнината од Илинденското востание.

Во текот на вчерашниот ден, делегација на Општина Охрид предводена од заменик градоначалникот Ристо Николески присуствуваше на пригодниот собир во село Велгошти и положи свежо цвеќе на спомен обележјето на илинденците.

Денеска, општинска делегација предводена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјата во Градскиот парк во Охрид и спомен обележјето кај Прентов мост.