25/04/2024
Охрид

Охрид го испрати градоначалникот Стојаноски до вечното почивалиште

Семејството, претставници на државниот врв, политичките партии, бројни граѓани, роднини и пријатели, на градските гробишта во Охрид, го испратија во вечното почивалиште прерано починатиот градоначалник, проф. д-р Јован Стојаноски.

Во името на сите, последна реч за таткото на градот, проф. д-р Јован Стојаноски, имаше неговиот пријател и колега, проф. д-р Софронија Миладиноски.

Проф. д-р Јован Стојаноски, во колективната меморија на oхриѓани ќе остане запомнат по неговата широка насмевка, едноставност, ненаметливост и пријателски однос. Секогаш вреднувајќи ги потенцијалните можности и квалитетите на соработниците и колегите се со цел да придонесе во реализација на неговата визија за Охрид.