28/03/2024
Охрид

Охрид ќе биде домаќин на Меѓународна конференција на библиотекарски работници

Во Охрид на 27 и 28 април ќе се одржи Третата Меѓународна конференција на библиотекари „Библиотеките како ризница на движното културно наследство“ во организација на Библиотекарското здружение на Македонија.

Со свои трудови ќе учествуваат на 100 библиотекари од земјава и странство.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во работниот дел со свои трудови ќе ја претстават м-р Мариче Боздоганова- советник и член на Претседателството на Библиотекарското здружение на Македонија и библиотекарките Христина Трпеска и Елена Станкоска.

Директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски ќе има поздравно обраќање до учесниците а ќе биде и модератор на првата сесија после пленарката на тема: „Современи текови во библиотечното работење“.

Конференцијата е ретка можност за стекнување искуства и сознанија за новите светски трендови во Библиотекарството.

Сите вработени во охридската Библиотека од одделите за издавање и обработка ќе го следат целиот тек на конференцијата. Тоа повлекува измени во работното време на Библиотеката.

На 27 април, четврток пултот за издавање ќе биде отворен само во терминот од 8:30 до 9:45.

Во петок на 28 април одделот за зајмување ќе работи од 13: 00 до 18:30 часот.


WebOhrid / 25.04.2023 / НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид