28/03/2024
Охрид

Охрид преполн со домашни гости како никогаш досега

Кога станува збор за домашни гости, Охрид ја има најдобрата туристичка сезона досега. Коронавирусот и неможноста нашите граѓани да патуваат на некои дестинации надвор од нашата држава, го наполни Охрид. Благодарение на ваучерите за домашен туризам, веќе втор месец сместувачките капацитети се преполни, но и преполни се рестораните, кафетериите, маркетите, плажите и паркинзите.

Секоја година шпицот на туристичката сезона е пред и по Илинден, но ова лето Охрид може да се пофали дека сè уште е исполнет.

Иако пред почетокот на летото, поради пандемијата со COVID-19 и мерките за заштита, се стравуваше за исходот и резултатите на туризмот и угостителството, сепак Охрид ова лето има доста успешна сезона.

WebOhrid