16/04/2024
Спорт

Охрид трчаТ настапи на Маратонот во Љубљана

Круна на успешната презентација и настап на Охрид трчаТ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија. Експедицијата од Охрид трчаТ разговараше со амбасадорката Сузана Зеленковска која изрази голема благодарност за учеството под македонското знаме на еден од најстарите маратони на Балканот.

Амбасадароката најави дека ќе разгледа можности за промоција на охридскиот полумаратон и соработка во областа на спортскиот туризам, кој зема се поголем замав во светски рамки. Таа истакна дека ќе се заложи за воспоставување на авионска линија Охрид – Љубљана и продлачување на соработката.

Охрид трчаТ учествуваше на сите трки кои се одржаа во склоп на маратонот во Љубљана и се покажаа во вистинско светло. Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар.

За потсетување, Охрид трчаТ од следната година ќе биде побогат со полумаратон (21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација број еден во Македонија.