28/03/2024
Охрид

Охридски „Водовод“ започна со монтажа на картички со бар кодови

Се известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува МЈП „Проаква“ Струга Р.Е. „Водовод“ Охрид, дека ќе започне со имплементација на новиот проект кој се состои од монтажа на картички со бар кодови.

За таа цел потребно е да се обезбеди непречен пристап до водомерните броила, односно соработка од потрошувачите. Преку поставување на овие бар кодови ќе се овозможи полесно, точно и наверемено читање, а со тоа и поголема заштита на корисниците. Екипите на МЈП „ПРОАКВА“ се на терен и веќе започнаа со имплементација на истиот.