29/03/2024
Охрид

Охридските акцијаши најдобри на ОРА „Рибариќ“ во Србија

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше средба со младинската бригада од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, која учествуваше и беше прогласена за најдобра на Младинската работна акција „Рибариќ“ што се одржа од 14 до 21 јули во Нови Пазар, Република Србија. На средбата, градоначалникот Георгиески на бригадирите им ги врачи почесните признанија и другите награди, им посака натамошни успеси и поддршка на нивните активности.

Бригадата на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ беше составена од седумнаесет младинци  и 4 четворица ветерани. Покрај охридската, на акцијата во Нови Пазар учествуваа и  бригади од Куманово, Белград, Лопаре и од Сојузот на работните акции на Србија.