Охридските бреинобреин генијалци меѓу најдобрите во светот – со 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали
На 16-от Интернационален Онлајн Бреинобреин-абакус натпревар кој се одржа на 24 јануари 2026, од нашиот Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид учествуваа 20 ученици. Во конкуренција од 23.912 учесници од 79 земји од светот, нашите Бреинобреин генијалци освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали.
И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите.
Овој успех претставува потврда дека одиме по вистинскиот пат со имплементација на Бреинобреин програмата, фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето, кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност.
