14/09/2024
Охрид

Охридските станоиздавачи ќе учествуваат во креирање на законите за угостителска и туристичка дејност

На работен состанок што денес се одржа во  општинската зграда, станоиздавачите од Охрид беа информирани за предлог измените во законите за туристичка и угостителска дејност.

Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој ги информира присутните за донесените заклучоци од страна на  работната група при   Министерството за Економија , а кои се однесуваат на предлог измените во Законите за туристичка и угостителска дејност. На состанокот беше укажано дека наредниов период ќе се работи на можноста нивните   барања да бидат инкорпорирани  во законот.

Со најавените измени во законите за туристичка и угостителска дејност вчера беа запознати и претставниците на туристичките агенции и водичите од Охрид.