19/04/2024
Охрид

Охриѓанец бесправно градел доградба на куќа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против У.У.(59) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“, Тој, како инвеститор и сопственик на куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид, без одобрение за градба изградил доградба на куќата. По извршен инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор, изготвено е решение за отстранување на нелегалната доградба.