25/04/2024
Охрид

Охриѓанец физички гo нападнал семејството на сопругата, го одзел нивниот малолетен син

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство” и „неизвршување на судска одлука”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.И.(36) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 26-ти минатиот месец во селото Долно Лакочереј. Тој, спротивно на решението од Основниот суд- Охрид со кое му се забранува вршење семејно насилство, околу 14 часот и 30 минути, насилно влегол во домот на родителите од неговата сопруга и започнал да ја влече, викајќи и на висок тон. Потоа, физички ги нападнал и нејзината сестра и таткото, удирајќи ги со тупаници во пределот на главата и вратот. Потоа, пријавениот со камен го скршил задното стакло од патнички автомобил „Југо“ по што, насилно го одзел нивниот малолетен син.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот не постапил по правосилна одлука на судот а со извршеното грубо насилството, кај оштетените предизвикал чувството на страв и несигурност.