16/04/2024
Охрид

Охриѓанец физички нападнал членови на неговото семејство

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“, на  19.07.2020 во 22.30 часот во СВР Охрид бил лишен од слобода Х.Б.(30) од Охрид. Тој претходно, во домот, физички нападнал членови на семејството.

При преземање мерки во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол „BLOW Magnum“, кој нелегално го поседувал. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.