16/04/2024
Охрид

Охриѓанец физички нападнал две лица и полициски службеници

На 01.08.2022 во 03.00 часот во СВР Охрид лишен од слобода е Д.С.(38) од Охрид. Тој, претходно на улицата „Петрино“ во Охрид физички ги нападнал К.Д.(22) и С.Р.(19) од Охрид, по што физички нападнал и полициски службеници кои преземале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.