06/10/2024
Охрид

Охриѓанец физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.

На 28.07.2024 на ул..„Железничка“ во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.