20/04/2024
Охрид

Охриѓанец избегнувал полициска патрола и нападнал полициски службеник

Секторот за внатрешни работи-Охрид до Основно јавно обвинителство-Охрид поднесе кривична пријава против С.П. (23) од Охрид поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ предвидено во член 383 став 1 од КЗ на РМ.

На ден 25.04.2018 година на ул. „Булевар Туристичка“ во Охрид, полициската патрола од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај-Охрид при вршење на службени дејствија од областа на сообраќајот ги запознале останатите полициски патролни служби на терен дека пријавениот кој управувал патничко моторно возило марка „БМВ“ со охридски рег.таблички не застанал на дадените светлосни сигнали и продолжил со движење. Од страна на полициските службеници од криминалистичка полиција на улицата „АСНОМ“ пријавениот е забележан како трча при што му се дадени наредби да застане, но истиот се оглушил и продолжил со забрзани чекори да се оддалечува, по што е стигнат и со службено возило донесен до неговото возило каде од страна на УПС од ПС за БПС-Охрид му е усна наредба да ги даде на увид документите и клучот од возилото со цел да се изврши преглед. Во тој момент пријавениот со висок тон одбил да ги даде клучевите и направил обид за бегство притоа задавајќи му на полицискиот службеник А.С. од криминалистичка полиција удар со нога во пределот на стомакот и удар со двете раце во пределот на градниот кош, по што бил совладан и доведен во послушност. Во консултација со јавен обвинител и судија на предходна постапка, пријавениот е лишен од слобода, а по документирањето на настанот истиот е ослободен.