25/04/2024
Охрид

Охриѓанец нападнат од три лица во пицерија во Охрид

На 29.01.2018 година во 23:45 часот во Полициската станица Охрид, С.Т. (38) од Охрид пријави дека физички бил нападнат од три лица во пицерија на ул. „Кеј Македонија“.

Според пријавата, истиот ден околу 23.30 часот С.Т. отишол во пицеријата откако му се јавило лицето Г.М. од Охрид и седнал на масата каде седел Г.М. со Н.Б. од Охрид и С.А. од Струга. По кратко време, С.А. со рака го удрил С.Т. во пределот на главата. Веднаш потоа и Г.М. го удрил С.Т. со рака во пределот на главата. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Во врска со настанот во Полициската станица Струга на разговор било повикано лицето Н.Б. , додека лицата С.А. и Г.М. биле приведени и со нив бил извршен информативен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.