25/04/2024
Охрид

Охриѓанец платил над 5 илјади евра за пелети, но не ја добил нарачката

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Л.(49) од с.Лисичани, општина Пласница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тој,  со лажно прикажување, го довел во заблуда А.Т. од Охрид и му понудил пелети за огрев. Потоа, му испратил и две фактури, кои оштетениот ги платил во вкупен износ од 327.712 денари, но не ја добил нарачката.


WebOhrid / 05.02.2023 / СВР Охрид