28/03/2024
Охрид

Охриѓанец повреден при пад од карпа кај Лабино

На 02.11.2022 година во 13:00 часот во СВР Охрид пријавено е дека е пронајдено повредено лице, паднато од карпа, на тешко пристапен терен кај плажата „Лабино“ на брегот на Охридското езеро во Охрид.

Од извршениот увид констатирано е дека В.П.(68) од Охрид се движел покрај карпите над плажата и паднал, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош.

Во спасувачката мисија учествуваа и пожарникари од ТППЕ – Охрид, кои допринесоа за брзо пронаоѓање на повредениот и транспорт на истиот со пловен објект.


WebOhrid / 03.11.2022 / СВР Охрид / фото: ТППЕ Охрид