Охриѓанец тешко повреден по пад од мопед

На 13.09.2020 во 18:30 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Рача, Б.З.(53) од Охрид кој управувал мопед „ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница-Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.