16/04/2024
Охрид

Охриѓанец удрил во метална заштитна ограда на патот Охрид- Св.Наум

На 08.01.2022 во 17,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид- Св.Наум патничко моторно возило “рено“ со охридски регистарски ознаки управувано од Љ.Ј.(44) од Охрид удрило во метална заштитна ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница во Охрид Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.