20/04/2024
Охрид

Охриѓанец влегол во дворот на поранешната касарна и украл кабел од Телеком

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“ и „уништување или оштетување јавни инсталации“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Ј. (47) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на осми август оваа година околу 23 часот во кругот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“ на улицата „Кленоец“ во Охрид. Тој, со цел да се стекне со противправна имотна корист, влегол во кругот на касарната, ја отворил подземната шахта, а потоа пресекол и одзел 15 метри кабел наменет за обезбедување на услуги – телевизија, телефонија и интернет сопственост на „Македонски Телеком“.