19/04/2024
Струга

Охриѓанец заработи кривична поради фалсификување исправа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Џ.(50) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и Т.Р.(37) од с.Горно Татеши,струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.

Првопријавениот вработен во фирма од Охрид, обезбедил лажна јавна исправа-купопродажен договор за патничко моторно возило „мерцедес“ за сопственост на име К.Х., искористувајќи го неговиот статус на повратник и истата ја употребил за отварање постапка за идентификација во Бирото за метрологија–Скопје. Второпријавениот покрај што знаел дека возилото не може да го регистрира, го ангажирал првопријавениот да му ја обезбеди целокупната документација се до регистрација, а потоа истата ја употребил во ОУР-Струга и го регистрирал предметното возило.