16/04/2024
Охрид

Охриѓанецот кој вчера се удави, влегол во вода под дејство на алкохол

На 03.07.2020 во 14,20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид од водите на Охридското Езеро било извлечено безживотно тело на С.Ј.(49) од Охрид.         

Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и реанимација на давеникот по што била констатирана смрт. За настанот е известен јавен обвинител. На местото на настанот увид извршила  екипа од СВР Охрид при што било констатирано дека С.Ј кој бил под дејство на алкохол, и околу 14,00 часот заедно со уште три лица влегол во водите на Охридското Езеро, но по кратко време лицата забележале дека С.Ј. не излегол од вода по што го пронашле и го извлекле од вода. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.