23/04/2024
Охрид

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за Денот на сесловенските просветители

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка до граѓаните по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители.

„Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид Ви го честита големиот државен празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

На 24 мај ја славиме историската и епохална мисија на големите сесловенски апостоли Светите Кирил и Методиј кои прифаќајќи ја светлината на знаењето на верата придонесоа кон втемелување на правото на еднаквост, јазик и култура.

Нивното дело с`е уште е живо и оставa вечен белег во културата, традицијата и посебноста на сите словенски народи. Нивната света мисија за просветувањето и продуховување на словенските народи во Европа, е само показател за силниот човечки дух и исконскиот порив да се зачува јазичната, културната и идентитетската посебност. Тоа е дело кое даде огромен придонес во описменувањето и културното издигање низ цела Европа, дело должно за почит и вечно паметење.

Наша обврска и аманет е да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да го негуваме и чуваме нашиот јазик, традиција и идентитет, но и заеднички да продолжиме да даваме свој придонес кон сигурно чекорење по патот кој Светите браќа Кирил и Методиј одамна ни го покажаа.

Нека е вечно нивното име и нека ни е за многу години големиот државен празник Свети Кирил и Методиј.“ – стои во честитката.